Ако сте „барани“, единствено место кое навистина треба да го избегнувате е полициската станица. Овој човек не би се сложил со вас. Џон Весли е уапсен откако влегол во канцеларијата на локалниот шериф да се пријави за работа, и покрај фактот што полицијата го бара.
Според пишувањата на медиумите, овој 25-годишник е баран поради разни злочини, вклучувајќи и силување и сексуално злоставување на 14-годишно девојче.
Сето тоа не го спречило да се пријави за работно место – затворски чувар во Вејн, Детроит.
Кога еден полицаец извршил проверка и видел за што се` се бара Џон, веднаш го повикал да се врати на „второ интервју“.
На „второто интервју“ Џон бил уапсен, а полицајците му посакале пријатен престој во затворот.