
Методот подразбира поставување на косата на рамна површина, а потоа индивидуално боење на секции, односно прамени коса.

Постапката се чини како едноставна, рамномерно ја распоредувате косата во повеќе прамени, а потоа започнувате со боење на индивидуалните прамени на краевите. Така добивате фино нијансирање на боите.

„Визуелно гледано самиот процес на фарбање е забавен за креирање и гледање. Крајните резултати се неверојатни“ – вели човекот кој стои зад оваа техника, КЛ Кристоферсен.