
Американската старлета Памела Андерсон ќе ја „краси“ насловната страница на магазинот Плејбој за јануари и февруари 2016-та година.
Имено, станува збор за последниот број на магазинот Плејбој со фотографии на голи жени, откако компанијата ја промени стратегијата со цел да се прилагоди на конкуренцијата која што доаѓа од интернет просторот.
За 49-годишната Памела Андерсон ова ќе биде 14-та насловна страна на популарниот Плејбој магазин кој е основан во 1953-та година од тогаш 26-годишниот Американец Хју Хефнер. Бројот со голата Памела Андерсон ќе биде пуштен во продажба на 11-ти декември.

Компанијата Playboy Enterprises неодамна најави дека се откажува од објавувањето на фотографии со голи жени. Генералниот директор Скот Флендерс призна дека фотографиите со голи жени ја загубиле битката со модерната технологија „каде сте само неколку кликови оддалечени од секој замислив сексуален чин и тоа целосно бесплатно“.
Во магазинот и натаму ќе се објавуваат „провокативни“ фотографии, но фотографии со целосно голи жени, порача Флендерс.
