Состојки
- Големи компири
- Рендан кашкавал
- Јајца
- Сланина исечена на ситни коцкички
- Путер
- Зелениот дел од млад кромид
- Сол и бибер
Начин на подготовка
За да ги направите овие вкусни бродчиња од компир, прво треба да ги испечете компирите. Потоа пресечете ги на половина и извадете дел од внатрешноста.
Намачкајте ја вдлабнатата површина со путер и ставете рендан кашкавал. Потоа додадете сланина и по едно јајце во секоја половина. Зачинете со сол и бибер. На крај наросете уште малку кашкавал и зелени ситни парчиња кромид. Печете во рерна додека да се зготват јајцата и не се стопи кашкавалот.