Како ерупција на вулкан одекна во медиумите веста за разводот на еден од најпопуларните селебрити парови. Странските медиуми пишуваат дека Амал и Џорџ Клуни се разведуваат по 15 месеци брак.
Амал Клуни наводно била излезена на забава со пријателите во Лондон и испила некоја чашка повеќе. Под влијание на алкохолот почнала да се жали дека во бракот со Џорџ не и` е убаво и дека сака да побара развод.
– Амал плачеше и пиеше многу. Таа никогаш не се однесувала вака – рекла пријателката од госпоѓа Клуни. Нејзините пријатели верувале дека Амал била многу благодарна што била назад во Британија и далеку од Џорџ и центарот на вниманието во Холивуд.
Наводно, госпоѓа Клуни се жалела дека живее во неговиот свет и дека нема воопшто време за себе, а бизнис партнерите повеќе не ја сфаќале сериозно.
Очигледно Џорџ Клуни имал многу високи очекувања за Амал како сопруга на таква холивудска мегаѕвезда. И како врв на сето тоа бил притисокот да остане бремена.
Дали сето ова е вистина или само уште еден холивудски трач – останува да видиме.