Џенифер Лопез беше една од славните гостинки кои присуствуваа на традиционалната божиќна забава на Крис Џенер. 46-годишната ѕвезда беше придружувана од своите близначиња и Каспер Смарт.
Славната пејачка и актерка на Instagram сподели две црно-бели фотографии на кои танцува со 7-годишните Еми и Макс.
За време на гламурозната забава, Лопез беше фотографирана со повеќе членови на познатото семејство од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“.