Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ќе се преселат да живеат во Лондон со своите деца, додека актерот работи на продолжението на “3-та светска војна”, соопшти Фимејл фрст. Двајцата сепак уште не нашле совршен дом за многудетното семејство. Тие сакаат да купат стан, но ако не најдат, ќе изнајмат, како и порано.
Во 2012 година се зборуваше дека даваат 17 000 фунти месечно за зградата “Хорнс плејс” во Лондон. Тие живееја таму 18 месеци, додека Анџелина го снимаше “Господарка на злото”, а Бред Пит – “Волшебникот”. Додека Бред Пит работи на новиот филм, Анџелина Џоли ќе се занимава со хуманитарна дејност. Децата најверојатно ќе учат во Францускиот лицеј, како кај претходниот престој во британската престолнина.