Овој човек има 179 години: „Можеби ангелот на смртта заборавил на мене“

popara1 февруари, 20161min00
Овој човек има 179 години: „Можеби ангелот на смртта заборавил на мене“

Махашта Мураси, кој живее во Варанасиј, на северот од Индија, го привлече вниманието на јавноста благодарение на неговото неверојатно тврдење.

Имено, овој Индиец ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди доколку успее да докаже дека има 179 години! Да, добро прочитавте!

Мураси наводно е роден во местото Бангалоре на 6 јануари 1835 година, а се шпекулира дека постојат документи кои би можеле тоа да го потврдат.

Старецот цел живот работел како чевлар, поточно до 1957 кога на 122 години конечно заминал во пензија!

– Можеби ангелот на смртта заборавил на мене, рекол на шега Мураси, пренесе “World Bulletin”.

Мураси додал дека живее толку долго што посведочил на смртта на внуците на своите внуци.

Овој старец нема сериозни медицински проблеми, а целата приказна да биде уште побизарна, последниот негов лекар умрел 1971 година.

Ако се докаже дека навистина има толку години, научниците би можеле на негов пример да истражуваат за долговечноста.

https://www.youtube.com/watch?v=g4Ag3B7Bclo

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag