Повеќето корисници на Фејсбук Месинџер мислат дека со него можат само да се допишуваат и да испраќаат слики, но во него може да се игра и шах.
Овој трик е објавен првпат на Реддит. Пронаоѓањето на скриената можност е многу едноставно – во чет се впишува “@fbchess play” и ќе се појави шаховска табла. На вашиот пријател и на вас ќе ви бидат доделени фигури и играта може да започне, но потребо е да знаете како да ги движите фигурите.
Фигурите се поместуваат со впишување “@fbchess” и потоа знаците на полето на кое сакате да ги поместите.
На пример, поместувањето на пешак на поле b3 ќе го изведете впишувајќи “@fbchess Pb3”. Буквите за другите фигури се: P (пешак), К (крал), Q (кралица), R (топ), В (ловец) и N (коњ).
Секако, за време на играта и натаму можете да се допишувате…