Забележувате дека некој го краде интернетот кој вие го плаќате? Доколку сакате да дознаете дали некој се „закачил“ на вашата Wi-Fi мрежа, постои едноставно решение да ги откриете „крадците“.
Wireless Network Watcher е алатка која на Windows компјутерите ќе овозможи преглед на сите уреди и компјутери поврзани на домашната мрежа.
Иако инсталацијата и покренувањето на програмата се крајно едноставни, потребна е малку детективска работа за да ги откриете натрапниците.
Од помош ќе ви биде поглед на Device Name, Device Information и User Text полињата кои ќе ви прикажат податоци за полесно идентификување.
Оваа алатка може да ја преземете ТУКА.