Неколку најуспешни српски спортисти навистина можат да се пофалат со своите големи јахти кои што по квалитетот и цената не заостануваат од оние на светските џет сетери.
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се почастил за фантастичните резултати за оваа година и си купил нова луксузна јахта, за која издвоил неверојатни пет милиони евра. Јахтата на Ноле, која плови под знамето на Гибралтар се вика “Дијана’’.
Јахтата е изработена во британското бродоградилиште “Пул’’, близу Дорсет. Ова му е втора јахта на српскиот тенисер, а пред неколку години го купил моделот “менхетн 60’’ чија цена е околу 2,5 милиони евра.
Новак ја нарекол јахтата по својата мајка, Дијана
– има таканаречена ’флај бриџ’ палуба, џакузи, ВИП кабина и мал гумен
чамец
– долга е 27 метри, а нејзината максимална брзина е 30 јазли
Потпретседателот на Кошаркарскиот сојуз и легендарен кошаркар, Дејан Бодирога плови со некогашната јахта на хрватскиот кошаркар, Дино Раџа за која издвоил 1,2 милиони евра.
Бодирога ја купил јахтата од својот колега Дино Раџа
– јахтата е долга 20 метри
– има три луксузни кабини
Лусузна јахта поседуваат и фудбалерите Синиша Михајловиќ, Драган Стојковиќ, Дејан Савиќевиќ, а рекордер е секако Михајловиќ кој од модниот креатор Роберто Кавали ја купил јахтата “Баљето’’, долга 41 метар, чија вредност се проценува на околу 20 милиони евра.
Михајловиќ ја купил јахтата од креаторот Роберто Кавали
– јахтата е долга 40,80 метри и широка осум метри
– достигнува брзина до 35 јазли, со резервоар за 35.000 литри гориво
Извор: Нетпрес