Берлускони: Ако ме осудат од каде ќе најдам пари за оштета

popara16 јуни, 20111min00
Italian Prime Minister Silvio Berlusconi
Доколку судот пресуди против италијанскиот премиер Берлускони, тој ќе мора да плати оштета од 1,29 милијарди евра, па контроверзниот политичар се прашува каде ќе најде толку многу пари.
“Доколку ме осудат ќе мора да дадам еден куп пари на Карло де Бенедети“, се доверил Берлускони на своите блиски пријатели.
Станува збор за процесот “Мондадор“, во кој Берлускони во трка со бизнисменот Де Бенедети за купување на издавачка куќа подмитувал судии и станал сопственик на “Мондадор“ каде што на чело е поставена неговата ќерка Марина.
Италијанскиот премиер својот страв го поверил на погребот на сенаторот на неговата партија Роман Коминциоли во базилика во Милано.
Овој е еден од актуелните судски процеси кои во моментот се водат против контроверзниот политичар,а претходно биле осудени судиите кои примиле мито. Вториот процес “Дејвид Милс“ е наречен по англискиот адвокат кој бил осуден (но пресудата била застарена) дека во 1999 година примил 600 илјади долари од Берлускони за лажно сведочење.
Адвокатот на Берлускони Пиеро Лонго најавил дека премиерот ќе дојде на тој процес во сабота.
Третиот процес, кој е интересен за јавноста заради девојките кои биле присутни на забавите на Берлускони, наречен е “Руби“ по мароканската девојка која била малолетна, а учествувала на забавите.
Четвртиот процес, под назив “Медиатрејд“ се води заради лажно прикажување на износи во купопродажба на филмски права и создавање црни фондови.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag