Оскаровецот Расел Кроу ќе го глуми легендарниот татко на Супермен. Тој ќе се приклучи кон екипата на “Супермен- челичниот човек”.
Јор Ел е вистинскиот татко од Криптон, додека пак негови усвоители на Земјата ќе бидат Кевин Костнер и Дајен Лејн.
Овој филм ќе биде во продукција на Кристофер Нолан, а режија на Зак Снајдер. Супер херојот ќе го глуми Хенри Кевил, а улогата на Луис Лејн ќе ја има Ејми Адамс. Новиот филм на Супермен терба да се појави во декември 2012 година.