Еве што се случува во вашиот мозок кога не спиете во својот кревет:
Можеби и сношти останавте да преспиете кај своите пријатели, а дури утрово се вративте дома?
Која и да е причината поради која некогаш преспавте во “туѓ кревет”, односно не спиевте дома, во својот кревет, не треба да се грижите ако не се наспавте.
Тоа не значи дека не можете да се прилагодите, туку позади тоа стои научно објаснување објавено во “Current Biology”.
Ова објаснување покажува дека секогаш кога спиете на непознато, или полупознато место, само половина од вашиот мозокот “длабоко заспива”, додека другата, левата страна е секогаш спремна за евентуално потребна акција. Како што откриле научниците, оваа особина ни останала уште од почетокот на човештвото, а порано служела како одбрана од можни ноќни закани.
Тоа “полуспиење” може да се случи и на пример – ако само што сте се доселиле на ново место, па сé уште не сте се соживеале со новиот простор.
Меѓутоа, од особината што некогаш не чувала, немаме многу корист, бидејќи светот во кој живееме денес е многу посигурен, а причината поради која некогаш преспиваме на друго место не мора да биде негативна.