Парис Хилтон, која живее во Лос Ангелес , и нејзиното момче Су Вејтс, кој живее во Лас Вегас, во последно време постојано се расправаат. Доказ за тоа се и многубројните снимки, бидејќи Париз постојано ја пратат камерите. Таа неодамна започна со снимањето на реалното шоу “World According To Paris”.
Во четвртокот ноќта камерите снимиле како се расправаат пред клубот во кој била забавата, а самиот Су признава дека не очекувал толку агресивно снимање кога го потпишал договорот за привремено да се појавува во шоуто, бидејќи е нејзин дечко. Покрај тоа што постојано се расправаат, парот не размислува ни за започнување на заеднички живот, бидејќи Парис има луксузен имот во Лос Анџелес, а Су мала ќерка која живее во Лас Вегас, па ниту еден од нив несака да се прилагоди.