Американскиот пејач Боб Дилан не е обврзан да присуствува на свеченото доделување на Нобелова награда во Стокхолм, но мора да спреми некој вид говор, изведба или дури да отпее песна, што може да го стори по пат на видео-порака, соопшти шведската академија.
– Се надевам дека тоа ќе го стори онака како што тој сака – му изјави на државното шведско радио Сара Данијус, постојан секретар на шведската академија, додавајќи дека Академијата ќе стори „сé што може“ свеченоста да ја прилагоди на неговите желби.
Свечената церемонија на врачување на Нобеловите награди ќе се одржи на 10 декември во Стокхолм.