Германско знаме со логото на Исламската Држава (ИСИС) се виори над дворецот Нојшвајнштајн и Брандебуршката порта. Октобер Фест без свинско месо и алкохол… Но, овие бизарни видео сцени, како и фотосот се само дел од републиканската изборна кампања во САД. За жал, тие станаа хит на интернетот ширум светот и предизвикаа голем револт во Германија.
Според германската медијска група Фанке зад видеото стои Харис Меди од Тексас која работи за републиканските политичари и конзервативната израелска партија Ликуд.