Без разлика каков тип на кожа имате ова е пилинг кој сигурно ќе ви одговара. Се подготвува прилично едноставно, се користат природни состојки кои гарантираат позитивен ефект.
Со овој пилинг ќе ја смирите иритираната кожа и ќе ја омекнете грубата кожа.
Потребно ви е:
– 2 шолји морска сол
– 1 шолја маслиново масло
– 4 до 6 листови жалфија
– ½ шолја шеќер
– 1 грејп
Убаво изблендирајте ги состојките и со оваа смеса два пати седмично масирајте го целото тело. Смесата може да ја чувате во фрижидер 14 дена.