Александра Кефрен (18) од Романија ја продаде својата невиност за 2,3 милиони евра иако јавното надавање започна од 1 милион евра – објави „Метро”.
Среќниот добитник е корејски бизнисмен, со кого што Александра допрва треба да се запознае. Александра го објавила огласот преку агенцијата Синдарела Ескортс, на која се нудат разни секс услуги. Се јавиле многу заинтересирани, но само еден ја предложил сумата на којашто девојката не можела да одолее.
Агенцијата е одговорна за организација на средбата, односно ќе ја однесе младата Романка до хотелот, во којшто таа ќе се сретне со својот „купувач“.
По овој случај, над 300 млади девојки од цел свет се обратиле до агенцијата со слични понуди.
Александра сепак нема да ги добие сите 2,3 милиони евра, 20 % ќе одат за агенцијата.