Навистина не знаев, ми беше сомнително и се прашував зошто секоја соба е тематски наместена, но навистина не знаев дека снимам во студио за порно филмови им се правдала Бијонсе на новинарите на W-магазин.
Во Њу Јорк има многу студија за снимање на порно филмови, затоа и наводно пејачката не знаела дека снима токму во такво студио, но сепак изјавила:
Бев во соба која беше наместена како навистина да се наоѓате во џунгла, тогаш можеби малку се сомневав. Во собите немаше клима уреди и сите бевме влажни и испотени, што на камера сето тоа изгледаше фантастично, се правдала Бијонсе.