Светлото е најголемата тајна за изгледот на долниот веш, без разлика кој истиот го носи, така да и фамозната секси Дита фон Тиз советува нежно розово светло за вешот да се покаже во најубаво издание.
Еве неколку совети:
Пригушено светло: Ова е првото правило да плените и вашиот веш да изгледа неодоливо. Премногу светло може да делува само грубо, затоа, внимателно со светлото.
Облик на телото: Градникот мора да стои совршено, но во првиот момент кога се покажува во интимни заеднички мигови, не е на одмет нежно да ви склизне прерамката, како срамежливо да нуди саниот да биде соблечен.
Бои: Не плашете се од бои! Нежните бои одлично прилегаат на секаков тен, а во исто време се прилагодливи за облеката што ја носите над. Ова не значи дека само нежни бои се препорачуваат. Напротив! Јарките, како црвената, бордо, мастило боја, портокалова, мошат да го покажат вашиот став и расположение. Со чипка никогаш нема да погрешите. Особено со црна.
Промената е важна: Експериментирајте со стиловите. Сами најдобро ќе се пронајдете. Погрешно е кога жените мислат дека на мажите им е важна само чипката или сатенот и црната боја. Каков и да е вешот, нема да ја постигне целта на заведување, ако вие во него не се чувствувате убаво.