
Дијамантскиот прстен вреден 750.000 фунти исчезна од Британскиот музеј пред шест години, а дури сега официјално е регистриран како изгубен експонат.
Управата на музејот во 2011 година во полицијата пријави кражба на вредниот прстен “Cartier”. Прстенот беше подарок на музејот од анонимно лице.
Како што се наведува, прстенот официјално е избришен од годишниот извештај на музејот.
Портпаролот на Британскиот музеј изјави дека процедурата наложува, кога ќе се изгуби некој експонат, после пет години да се објави неговото исчезнување.
