Спермата има дејство на антидепресив!

popara21 јуни, 20111min00
sperma

Жените кои при сексуалниот однос му дозволуваат на мажот да ејакулира во вагината, велат дека тој чин значително им го намалува нерасположението и депресијата, за разлика од оние кои корстат кондоми.

Научниците претпоставуваат дека тоа последица на апсорбцијата на одредени хормони од спермата низ слузницата на вагината.

Во првото истражување уќествувале 293 студентки, а во следното 700 жени. Научниците се обиделе да ги исклучат сите останати влијанија, како што се земањето на контрацептивни пилули, честината на односите, стабилноста на врската и влијанието на одлуката за користење на кондом. Но сепак, резултатите од истражувањето покажуваат дека ни еден од тие фактори не може да го објасни размерот на промените во чувствата на жените.

Спермата содржи повеќе хормони, кои можат да влијаат на чувствата. Тестостерон, естроген, лутропин, пролактин и простагландин се откриени во крвта на жените неколку часови по ејакулацијата.

Се поставува прашање дали слично дејство може да се добие и при орален секс. Бидејќи стероидите во таблетите за контрацепција успешно минуваат низ дигестивниот тракт, може да се претпостави дека тој пат го преживуваат и хормоните во спермата, доколку не се апсорбираат низ слузницата на устата. Истото прашање се поставува и кај аналниот секс, хетеро или хомосексуален, но без опширно истражување не се препорачуваат нагаѓања.

Зошто спермата предизвикува такви чувства, останува еволуциско прашање. Гордон Галуп, соработник во истажувањето, тврди дека кај мажите чија сперма содржи повеќе од овие состојки постои поголема веројатност за повторување на сексуалниот однос. Истражувачите предупредуваат и се надеваат дека поради резултатите на истажувањето нема да се зголеми бројот на незаштитени односи.

Да додадеме на крај дека ејакулирањето внатре во партнерката и има благотворно дејство и на мажот – големо задоволство и поголемо задоволување. За тоа да се утврди, не е потребно истражување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma