Сигурно помисливте гради, задник и долги нозе. Епа се лажете!
Новите истражувања покажуваат дека мажите не се заинтересирани за (премногу) стереотипни женски облини. Она што тие го забележуваат не се задникот, нозете или градите, туку – мускулести раце!
Истражувачите од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Австралија најправиај истражување во кое мажи гледале 96 различни видеа со жени кои се движат наоколу и побара да ја оценат привлечноста на секој дама. Во минатото, слични истражувања се фокусирале на половината и колковите, правејќи им комплекс на многу жени дека не изгледаат идеално како Џесика Алба. Иако разликата во половината и колковите, тежината и понатаму значително влијаат на интересот кој мажите го покажуваат кон женте, листа со најинтересни делови од женското тело на прво место се најде – долгите и убаво извајани раце.
Студијата исто така покажа дека високите жени се оценети како попривлечни (особено високите жени со релативно тесена половина). Но, изненадувачки, покажувањето нозете, без разлика колку и да се убави , не се премногу интересни.
Истражувачите од Нортубрија универзитетот неодамна правеле истражување во кое набљудувале реакција кај мажи кои гледаат жени на возраст од 18 до 35 години како одат во високи потпетици и рамни чевли. Бртоглаво високите потпетици ја изгубиле трката: иако одењето во високи потпетици дава илузија на подолги нозе и поизразен на граден кош, мажите приметиле никаква разлика, велат тие. ”