Уапсен најозлогласениот нарко бос во Мексико
22 јуни, 20110
Мексиканските власти го уапсиле главниот водич на еден од најсилните нарко картели, Хозе де Хесус Мендес Варгас, познат како “Мајмун“, во операција во државата Агваскалијентес.
“Ова апсење го уништи она што остана од водечката структура на криминалните организации“, изјавил портпаролот на националната безбедност Алехандро Поире.
Мексиканскиот претседател го прокоментирал апсењето на неговиот Твитер профил: “Ова е голем удар на федералната полиција за организиран криминал. Еден од најбараните криминалци е уапсен. Честитки“.
Извор: Нетпрес