За неколку дена на европскиот пазар конечно ќе се појави Citroen C5 Aircross, кој е во продажба во Кина уште од есента.
Овој модел е базиран на истата основа на која се правени и Peugeot 3008 и 5008, односно Opel Grandland X.
Citroen C5 Aircross е компактен SUV со кој француската компанија ќе се обиде да им конкурира на најпродаваните модели од овој сегмент во светот, како што се Nissan Qashqai и Toyota RAV4, а ќе се произведува во Рен.
Нема податоци за тоа дали Citroen променил нешто во однос на кинеската верзија, која се одликува со осуминчен мултимедијален систем и 12,3-инчна дигитална контролна табла и други слични технолошки опции.
Citroen C5 Aircross во Кина се нуди во две бензински варијанти, од 165 и 200 коњски сили.
Новиот C5 Aircross има и plug-in хибридна верзија со погон на сите четири тркала, која користи два електромотори со вкупна јачина од 300 коњски сили.
Citroen својот нов SUV во Европа официјално ќе го претстсави на 24 мај во 18 часот.