Лили Ален неодамна заплови во брачните води со долгогодишниот дечко Сем Копер, а по свадбата објавила дека е повторно бремена. Дизајнерката која го креирала нејзиниот фустан открила дека Лили ја планирала бременоста уште во јануари и ја предупредила да внимава на фактот дека ќе има стомак кога ќе ја носи венчаницата. “Знаев од почеток дека Лили сака да забремени, па направив фустан кој ќе се прилагоди на таа состојба. Бев пресреќнa кога ја слушнав веста, тoa e прекрасна”, изјавила дизајнерката за британските медиуми. “Taa сакаше нешто традиционално, малку ретро”, заклучила дизајнерката.