Сакал на најбрз начин да добие снежна насмевка, но во случајот на Бен Вотсон, тој брз начин се покажал многу погрешен.
А се брзо се заврши, со еден клик, преку интернет за 3000 денари нарачил навлаки за забите. На рекламите изгледаат одлично.
Бидејќи сјајната насмевка беше неговата долгогодишна желба, не размислувал воопшто дали да ги купи “забите” или не.Во описот на навлаката за заби стоело дека големината е универзална и таа идеално се вклопува на вилицата на секој купувач. Еуфоријата не траеше долго. Кога пакетот стигнал на неговата адреса, Бен бил многу разочаран.Неговата пријателка не одолеа на Твитер да постави фотографија од “насмеаниот” Бен.
Неговата шега брзо се проширила преку интернет, но сепак, имало и нешто добро во неговата несреќна ситуација. Бен открил дека со новите заби станал многу популарен и сите сакале да се фотографираат со него.