Приказната за девојчето од Брач и цртежот од нејзиниот велосипед ќе ве остави без текст

popara27 јули, 20181min00
v1

На девојчето Деа Урлиќ, од општината Постира на островот Брач, која на есен ќе започне трето одделение во основното училиште,и го украле црвениот велосипед, единствениот што го имала и која едноставно го обожавала.Баба и на Деа, Жељка вели дека нејзината внука на него се возила низ целиот град, а потоа велосипедот исчезнал – некој го зел од нивната градина.Девојчето беше неутешно, а семејството го бараше “нејзинаото најголемо богатство” насекаде, но црвениот велосипед никаде го немало.Тогаш на Деа и дошла генијална идеа – самата нацртала плакати и го облепила цела место и побарала од искрените пронаоѓачи да и го вратат она што најмногу го сака.

Деа побарала од сограѓаните да ја известат ако го видат велосипедот

– Колку се потрудила пишувајќи на хрватски и на англиски јазик, само покажува дека има силен карактер и дека е прекрасно дете! Други би направиле плакати на компјуте, но Деа за тоа не сакаше ни да чуе, сама го нацртала и опишала својот црвен велосипед … – вели бабата Жељка.

Цртежот на Деа набрзо станал вистински вирален хит на социјалните мрежи. Се јавувале луѓе од цела Хрватска, им нуделе помош, а потоа во четвртокот попладне стигнала најубавата вест од Загреб.

Фамилијата Урлиќ ја контактирал секторот за маркетинг на фирмата, каде што изгубениот велосипед на Деа бил купен. Толку ги поттикнала приказната на деветгодишната девојка што одлучиле да и дадат нов.

– Ќе ни го пратат велосипедот во Сплит, а ние таму ќе го пречекаме. Неизмерно им благодарам на сите што ни се јавуваа, не можевме ниту да си помислиме дека еден детски велосипед ќе предизвика таков излив на емоции и позитивни реакции – истакна Г-ѓа Жељка, среќна што нејзината внука повторно ќе се вози по улиците на Постир на својот нов црвен велосипед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag