Во водите на најсеверниот дел на западниот брег на САД, женката кит Орка со денови го носеше бебето и го држеше над површината на водата за да не потоне.Младенчето во вторникот ја забележа светлината на денот во водите на канадскиот град Викторија, пливање со семејството, по околу еден час починало, објавија научниците од Центарот за истражување на китови во градот Фрајдеј Харбор во САД.Според научниците, ова е уште еден случај на смрт на младенче поради недостаток на храна во водите на Британска Колумбија.Како што вели Кенет Балком, претседател на Американскиот тим за истражување на китови, во последните три години, 100 проценти од бременостите не се успешно завршени поради недостаток на храна. Главен извор на храна за Oрките е кралскиот лосос, кој е загрозен вид.Орките и делфините носат мртви младенчиња со денови, бидејќи тие се многу цврсто врзани за потомството. Се случува да се одделат од нив дури по една недела.