Дали жената од Кенсингтон некогаш мирно ќе заспие, западно од Лондон, поради ситуацијата што ѝ се случи во понеделникот вечерта …
Несреќна жена водеше “животна битка” кога се разбуди и откри дека дели кревет со змија долга 90 см.Кралскиот Пајтон, кој е осомничен дека е нечив миленик пред да легне во креветот на оваа дама, “се стисна” до неа додека спиеше.Кога видела кој спие до неа, жената панично истрчала надвор од собата и ја повикала службата за итни случаи, но Питонот веќе се искрал пред властите да дојдат.Тие го најдоа влекачот во станот, по претрес, во вторникот наутро.
Службеникот кој го нашол питонот Џил Сандерс смета дека е питонот нечиј миленик и дека веројатно доаѓа од некој стан во соседството.”Рептилите, а особено змиите, можат да бидат вистински експерти за бегство и ќе ја искористат секоја можност да го направат тоа”, додаде таа, пренесуваат британските медиуми.