Се започнало осум месеци откако се развела од нејзиниот сопруг со кој била во брак 10 години …
Кејт Сталард од Ворчестер доживеа вистински хорор – отиде на лекар поради честите главоболки за кои таа сметала дека ги предизвика стресот од разводот, но вистината е далеку полоша.
Нејзините лекари и дадоа само 48 часа живот и ѝ рекле дека има леукемија! Било потребно итно да се започне со терапија, поради која немала време да ги замрзне јајце клетките и на тој начин да ја зачува можност за потомство.
Се започнала осум месеци откако се развела од нејзиниот сопруг со кој била во брак 10 години.
Таа подолго време чувствувала замор и главоболки, но тоа му го припишуваше на стресот поради разводот.
“Тоа беше многу стресно време, ми беше тешко да преживеам како сама жена”, вели таа. Во тоа време таа одлучи да оди во теретана, бидејќи поради разводот се поправила. Сепак, наскоро почна сè повеќе и повеќе да се изморува -толку многу што правела паузи и кога го шетала кучето. Мислеше дека тоа е само стрес, додека еден ден не падна во бањата. Брзо отиде во болницата, каде што беше констатирано дека станува збор за леукемија.
“Почнав да паничам, знаев дека нешто не е во ред, но јас дури и не размислував за рак. Дијагнозата ме плашеше, и мојот свет беше скршен. Останав во болница уште шест недели. Лекарите ми рекоа дека доколку веднаш не одам на терапија, ќе имам само два дена од животот – вели Кејт.
Неколку дена пред да отиде во болница, приметила дека менструацијата и била чудна, бидејќи била обилна и не престанувала. Исто така, на телото и се појавиле модринки. Потоа отишла кај докторот и и кажале да направи крвна слика, но не и посочиле дека е итно. Два дена подоцна и се слошило во бањата, и таа едвај побарала сама итна помош.
Веднаш започнала со хемотерапија. Сепак, еден од негативните ефекти е губење на плодноста, и на Кејт и е многу жал бидејќи немаше време да ги замрзне своите јајце клетки.
По хемотерапијата, ракот се повлекол, но овој пат се обновил во централниот нервен систем. Таа примала терапија уште 17 недели и моментално се опоравува.