Двојката добила 3 пара близнаци за помалку од 5 години!

popara15 август, 20181min00
2892538_1481856364.4719_updates

Кога една стара пријателка на Кери и Крег Kосински им се јави и ги праша дали би можеле да се грижат за нејзините млади близнаци, тие рекоа “да”.

Тие одлучија да ги згрижат двете слатки девојчиња, а потоа деновите станаа недели, неделите месеци, а девојчињата станаа дел од семејството.

Кери и Крег отсекогаш сакаа да бидат родители, но никогаш не помислуваа дека нивното патување ќе заврши вака.

По неколку години на одгледување на Кен и Aдалин, се јавила нивната биолошка мајка, која објаснила дека се наоѓа во уште потешка ситуација. Таа имала животни проблеми  и се борела да ги реши, и ги прашала дали би ги прифатиле двете две годишни близначиња Цеце и ЏејЏеј.

Помладите близнаци биле биолошките брат и сестра на Кен и Адалин. Кери и Крег размислувале долго време за тоа како да постапат правилно.

“Тоа беше многу тешка ситуација. Ние самите се обидувавме да станеме родители. А тие беа браќа и сестри и тоа не наведе да ги прифатиме – сакавме да останат заедно “, рече Кери.

Ги оставија своите лични работи на страна, и и кажале на нивната мајка дека ќе бидат многу среќни да ги посвојат и помладите близначиња.

Само неколку недели по прифаќањето на Цеце и ЏејЏеј, во семејството, Кери се чувствувала чудно и сфатила дека треба да оди на лекар. Ултразвукот покажал дека е бремена …

Погледнете го видеото:

https://youtu.be/DsdAWLQriI4

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag