Некои луѓе сакаат да зборуваат и воедно да покажуваат со своите раце и случајно нешто да соборат или да удрат некој.
Она за што зборуваат се доста обични работи, а за нив ова е нешто многу важно.
Тана Батерфилд (11) веќе со години е во системот за посвојување, заедно со нејзиниот брат Тејган и сестра Тали. Сè што сакаше беше да има свое семејство и дом засекогаш. Заедно со нејзиниот брат и сестра, таа поминуваше време со Џенифер и Џеф Фишер, кои привремено ги вдомија. Откако сфатија дека по нивните две биолошки деца не можат да имаат повеќе, тие одлучија да ги посвојат овие три сирачиња во нивниот дом.
Се разбира, тие имале намера да ги усвојат кога ќе дојде вистинското време за тоа. Прво, потребно беше да поминат некои препреки, како што се честите посети на судот, каде што се бореа да ги усвојат сите три деца.
На крајот, тие успеале и побарале од училишната службеничка Џеки Александар да и ја пренесе вестта на Тана.
Тоа беше многу трогателен момент, кога Џеки на девојката ѝ рекла што ја чека во иднина. Таа и ги стави рацете на рамениците и ѝ кажа што се случило, а Тана почна да скока од среќа.
Она што не го знаеја беше дека тие биле снимени од училишната камера и ова видео станало вирално на Интернет. Собрало околу 3 милиони прегледи, и можете да го видите во прилогот.