Џаспер е хаски кој еден ден се најде во многу непријатна ситуација.
На негова среќа, минувачите го видоа и побараа помош. Иако на никој не му е јасно како се искачил на покривот, се претпоставува дека прозорецот бил отворен и дека само сакал да излезе на свеж воздух.
Неговите сопственици мислеа дека тој е во куќата, но тој сè уште беше на покривот на куќата и се сончаше. Некој најверојатно го затворил прозорецот низ кој излегол Џаспер и го заглавил на покривот.
Замислете како би изгледало да одевте по улицата и да видевте преубав хаски како ве гледа од покривот на куќата.
Пожарникарот Џеф Навфел доби неколку повици кои го пријавиле кучето на покривот. Тој излезе на терен со својот тим и му помогна да се симне. Џаспер беше многу среќен откако Џеф го спаси, но не знаеше како да му се заблагодари. Затоа одлучил да му пријде и да го избакне и да му се заблагодари на тој начин.
Погледнете го ова видео и дознајте ја целата приказна: