Луси Карингтон, која своето куче го ставила на вегетаријанска диета, доживеа голем срам на британската утринска програма.
Таа изјавувала дека својата сибирска хаска со име Сторм ја научила да јаде без месо, поради летните горештини, иако таа самата не е вегетерианка.
Ветеринарот Скот Милер тврдел дека тоа е “одземање на изборот” на кучето кое треба да јаде и месо, а Луси рече дека нејзиното куче само знае да направи избор.
Потоа, во емисијата поставија две чинии – една со месо, една со зеленчук, и го оставиле кучето да избере што сака да јаде. Кучето природно посегна кон месото:
Многумина жената потоа ја обвинија за злоставување на животните, а Луси се правдаше дека не би му го ограничувала месото засекогаш на кучето. Исто така, рече дека времето се сменило, и дека сега е ладно, па затоа кучето сака месо.
Цело време и беше видливо непријатно.
На кучињата месото им е неопходно поради витаминот Д и аминокиселините, кои нивниот организам не ги создава како човековиот.