Taa украла пелени,обувки и облека од продавница, а имала и добра причина за тоа.
Марк Енгравејл сешто доживеа на своето работно место. Всушност, тој е полицаец, но еден ден се случило нешто неверојатно, иако тој работен ден му започнал како и секој друг.
Го повикале да уапси крадец во Волмарт. Кога стигнал, жената веќе била приведена. Таа украла пелени, обувки и облека од продавница. Марк примети нешто чудно на жената. Нејзините деца беа боси и со нечисти стапала. Кога тој ја праша зошто го сторила тоа, таа почнала да плаче.
Мислела дека ќе оди во затвор. Кој би се грижел за нејзините шест деца?
Подоцна, Марк дознал дека го загубила својот маж пред две години. Оттогаш таа и нејзините шест девојчиња живеат во автомобил. После таа тажна вистина, одлучил да не ја уапси, туку да направи нешто што ќе го промени нејзиниот живот од корен.
Тој се вратил во продавница и и купил сè што и е потребно. По објавувањето на нејзината ситуација, волонтерите успеале да соберат повеќе пари и на неа и децата да им обезбедат покрив над главата.
Погледнете: