Еден од нив е аматерскиот фотограф Марко Пател, кој сними видео кое ја покажува секојдневната ситуација во јапонското метро околу 7:45.
Во подземната железница се натиснати како сардини, а службениците на метрото несреќниците кои се наоѓаат во близина на вратата, силно ги буткаат навнатре.
– Јапонскиот збор за утрински метеж е тускин, а за неупатените патници, тускин е како десеттиот круг на пеколот.
Еден од нив е аматерски фоторепортер Марко Пател, кој сними видео кое ја покажува секојдневната ситуација во јапонското метро околу 7:45.
“Не е јасно зошто луѓето мора да продрат низ толку многу страдања. Го ризикуваат својот живот да влезат во воз. Поголемото време во метрото немам ниту еден сантиметар личен простор, не можам ниту да користам телефон. Поради тоа, стратегијата ми е да го чекам следниот воз. Тогаш застанувам прв пред вратата па толпата ме бутка во внатрешноста “, изјави за британскиот Телеграф, Пател кој објасни зошто утрото во Јапонија, особено во околината на Токио, е толку” анти зен “.
“Токио е страшно скап и луѓето живеат во предградија, исто како и јас. Киријата таму е поевтина, па сите живеат таму што предизвикува утрински метеж. Понекогаш толку ме гмечат останатите патници што ме боли со денови. Луѓето едноставно избегнуваат да гледаат едни на други во очи и се буткаат додека не влезат. На некои станици каде што е особено голем метежот, работат студенти кои ги буткаат луѓето што не ги собира во возот како на видеото”, рече Пател.
No matter how bad your morning commute is, I'm betting it's not as bad as this… 😱
Gepostet von LADbible am Donnerstag, 13. September 2018