СИТЕ ГО ИСМЕЈУВАА ОВОЈ ЧОВЕК ЗАТОА ШТО СЕ БРИЧЕЛ ВО ВОЗОТ!

popara19 септември, 20181min00
ввв

Кога ја слушна неговата ЖИВОТНА ПРИКАЗНА, интернетот СТИВНА! Многумина зажалија поради своите коментари.

На Твитер се појави видео од еден воз во Њу Џерси, на кој се гледа еден од патниците како се бричи.

Снимката брзо стана вирална, а патникот со брич сите го осудија. Збореа дека човекот е “грозен”, “животно” и го исмејуваа.

А тогаш се случи пресврт, поради што многумина зажалија поради своите коментари.

Човекот од видеото е Антони Торес (56), кој за АП изјави дека луѓето што го осудуваат на социјалните мрежи не знаат ништо за неговиот живот.

– Мојот живот е уништен. Тоа е причина поради која јас се бричев во воз – рече тој.

Тој рече дека некој го снимил во многу ранлив момент, бидејќи веќе некое време бил бескуќник, и само се обидел да се исчисти после неколку дена поминати во еден засолниште.

Се обрати на семејството за помош, а брат му му дал пари за карта. Не стигнал да се избања пред да го напушти засолништето, па сакал да се избричи за да  изгледа “пристојно”.

– Не сакам да биде очигледно дека сум бескуќник. Затоа се бричев – објасни тој.

Антони немал лесен живот, раскажа и неговиот брат Томас Торес (57). Израсна во сиромаштија со четири браќа, на фарма. Во текот на животот работеше неколку работи. Се селеше многу, спиеше по станици и мотели. Исто така, има и здравствени проблеми – преживеа две инфаркта.

Беше вознемирен кога дозна дека му се смеат на интернет.

– Не мислев дека ќе стане толку вирално, дека ќе ме исмејуваат – вели.

Неговиот брат го убедил да се обрати до медиумите, да се чуе и неговата страна.

– Можеби луѓето ќе имаат поголемо сочуство кога ќе знаат низ што се поминал – рече.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag