На својот Instagram објавува фотографии пред и потоа, за да им покаже на сите дека не треба да ја судат книгата по кориците.
Џејми Вилсон е музичар, DJ и модел кој преминал целосна транзиција од жена во маж.
22-годишниот Американец ги напишал и ги објавил ситуациите со кои се соочувал во текот на транзицијата преку социјалните мрежи и станал главен гласник на ЛГБТ заедницата. На својот Instagram објавува фотографии пред и потоа, за да им покаже на сите дека не треба да ја судат книгата по кориците.
– Не покажуваат сите знаци дека се трансексуалци. Не мора да положиш испит за да докажеш дека си транс … И сигурно не ти треба ничија дозвола освен сопствената. Мене луѓето не ми веруваа, бидејќи јас бев преженствен – напишал.
Џејми за Унилад откри дека сфати дека сака да го смени полот во средно училиште.
– Кога имав 15 години, знаев дека сум маж, но јас морав да го оставам тоа на страна, бидејќи живеам во многу религиозно опкружување. Знаев дека ситуацијата не би била добра и сигурна тоа да го кажам јавно толку рано – вели.
Додаде дека загуби многу пријатели кога првпат јавно изјави дека се чувствува како маж.