Многумина го осудија ова.
Стјуардеса од кинеската авиокомпанија добила отказ откако нејзиниот момче ја запросило во лет, пишува indy100.
Триесетина минути по полетувањето, момчето на стјуардесата клекнало на едно колено, и пред сите патници го поставило судбоносното прашање. Девојката рече да, и парот се прегрна додека патниците аплаудирале.
– Навистина не знаев дека момчето ќе ме запроси на овој лет, ви благодарам што ми бевте сведоци – им рече стјуардесата на патниците. Очекувано, снимката оде просидбата веднаш стана вирална и се прошири на неколку социјални мрежи.
Но посебниот момент неповратно беше расипан кога нејзината кинеска компанија “Eastern Airlines” и даде отказ, поради “занемарување на безбедноста на патниците”.
– Приватното-романтично однесување создаде немир кај патниците и беше исклучително неодговорно за безбедноста на патниците – е наведено во отказното писмо што авиокомпанијата го испрати на сега веќе поранешната стјуардеса.
Инцидентот ги подели мислењата на луѓето на интернет, од кои некои ја поддржуваат одлуката на кинеската источна авиокомпанија.
Така, еден корисник на Twitter ја нарече одлуката на компанијата “нечовечна”, додека друг кажа дека парот требало да ја држи врската во приватност.