И покрај тоа што тој веќе влезе во Руската книга на рекорди, неговите амбиции сепак се нешто поголеми.
Муин Бачонаев (11) од Москва е посебно по своите невообичаени веѓи и трепки долги 4,3 сантиметри. Кога се роди, трепките му ги допираа и усните.
– Живеам како и сите други, моите трепки не бараат посебна нега и немам никакви потешкотии, вели Муин. И покрај тоа што тој веќе влезе во Руската книга на рекорди, неговите амбиции сепак се нешто поголеми. Момчето сака да игра фудбал, а би сакал, кога ќе порасне, да стане фудбалска ѕвезда.
Неговиот татко Заидуло Бачонаев (45), кој со семејството во Русија се досели во 2010 година од Таџикистан, вели дека на улицата сите му обрнуваат внимание на неговиот син.
– Кога оди со мајка му во прошетка, сите него го гледаат. Го носевме на разни лекари и сите ни рекоа дека Муин е здрав и дека долгите трепки не се никаков проблем. Ни објаснија дека одговорниот ген за раст на трепките во овој случај едноставно се однесува малку поинаку, вели Заидуло.
Лекарите сметаат дека на генот можеби влијаеле лековите што мајката ги земала во текот на бременоста, пишува Daily Mail.