Оваа диета е многу слична на диетата со лимон, само што наместо лимон јадете компири. Вака изгледа менито:
Појадок:
Еден двопек или парче црн или интегрален леб, премачкан со мармалад и едно јаболко.
Ужина:
Овошје по желба.
Ручек:
Мусака од компири.
Ужина:
Овошје по желба.
Вечера: Издинстајте 2 домати на масло и преку нив прелијте 1 јајце измешано со 2 дл млеко. Направете пире од 100 гр компири и додадете му две парчиња сецкана шунка. Сето ова зачинете го по желба.
За сите останати денови менито е исто, само што за ручек наместо мусака можете да јадете запечени компири со зеленчук, а за вечера варен компир зачинет по желба.