Само 10 минути лесна активност може да ви ја подобри меморијата

popara28 септември, 20181min00
ллл

Според неодамнешната студија, само неколку минути лесна вежба може да му даде поттик на вашиот мозок во вистински правец.

Во минатото, истражувањата откриле дека вежбите можат да подобрат некои аспекти од когнитивните способности и меморијата. Исто така, возрасните лица кои се повеќе физички активни имаат тенденција за зголемување на хипокампусот.

Неодамна тимот на Калифорнискиот универзитет Ирвин и Универзитетот Цукуба во Јапонија, направија некои експерименти за да истражат дали може вежбањето да ја подобри меморијата за краток временски период: минути, а не денови или недели.

Испитувањето на мозокот покажа подобрување на поврзаноста помеѓу дел од хипокампусот, за кој се смета дека ја игра улогата во создавање на епизодична меморија и на кортикалните области кои се вклучени во деталното процесирање на меморијата.

Дознавањето дека лесната вежба од 10 минути може да има мерливо влијание врз делови од мозокот кои се одговорни за меморијата, е првиот чекор и во иднина истражувачите сигурно ќе се занимаваат со прашањата за тоа колку  активности се потребни за создавање на вистински и трајни разлики, пишува RTL .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag