Промените кои треба да се спроведат со цел да се ограничи глобалното затоплување се однесуваат на енергијата, индустријата и инфраструктурата.
Светот ќе мора да спроведе “брза“ транзиција “без преседан“ ако сака да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени, предупредуваат денес експертите на UN за климатските промени.
– Ако затоплувањето продолжи да расте со сегашното темпо, под влијание на емисиите на гасови со ефектот на стаклена градина, 1,5 степени ќе биде остварен помеѓу 2030 и 2052 година – според извештајот објавен денес во Јужна Кореја.