Станува збор за едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата.
Научниците открија полжав стар 99 милиони години, а овој праисториски примерок на полжав беше пронајден во парче од килибар во Мјанмар. Станува збор за едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата, бидејќи се фосилизирало меко животинско ткиво, што досега не се случило во истражувањето на толку стари фосилни форми.
Од мекото ткиво се зачувани главата, нозете и роговите во фосилизираното парче килибар, старо 99 милиони години, пренесува Фен.
Иако должината на примерокот е помала од 0,5 сантиметри, на научниците им дава неверојатна видливост за животот на овие неприметливи суштества од времето на диносаурусите, тврдат од National Geographic. Лида Пејн од кинескиот Универзитет за геонаука во Пекинг кажа дека роговите и окото на полжавот биле сочувани недопрени во парчето килибар.