По осум години љубов – лавицата го уби лавот!

popara22 октомври, 20181min00
lav

Зоолошката градина во Индијанаполис се обидува да открие зошто лавицата Зури го нападна и уби лавот Нијак по осум години соживот.

Зоолошката градина соопшти дека 12-годишната Зури го нападнала 10-годишниот Нијак , ова утро пред да биде отворена вратата за посетителите, објави Асошиетед прес.

Тие двајца живееја заедно осум години и имаа три малечки во 2015 година. Нијак беше позајмен од зоолошката градина во Сан Диего.

Членовите од зоолошката градина кажаа дека слушнале невообичаено силна врева од кафезот на лавови, по што се обиделе да ги одвојат, но Зури го држела Нијак со забите за вратот додека не престанал да се движи.

Аутопсијата потврди дека Нијак умрел од давење после повредата на вратот. Од зоолошката градина се наведува дека дневните забелешки на персоналот не покажуваат невообичаена агресија или повреди при конфликт  помеѓу Зури и Нијак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag