КИНЕСКО ЧУДО: Се отвара најдолгиот прекуморски мост на светот, деталите за неговата изградба се неверојатни!

popara23 октомври, 20181min00
Capture

Мостот е изграден така што би можел да издржи земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтеровата скала, а искористени се 400.000 тони челик. Најдолгиот перкуморски мост во светот, чија изградба чини 20 милијарди долари и се градеше речиси девет години, наскоро ќе биде отворен.

Мостот ги поврзува Хонг Конг и Макао, а на церемонијата на отворањето ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг. Сообраќајот ќе биде пуштен во среда.

Долг е 55 километри и требаше да биде отворен во 2016 година, но дојде до проблеми. Мостот ќе обедини дури 11 градови  во област каде што живеат 68 милиони луѓе. Патот помеѓу два града ќе се скрати од три часа на 30 минути.

Додека во Кина се слави отварањето на мостот, во Хонг Конг и не се толку среќни затоа што се плашат дека мостот ќе донесе голем прилив на кинески туристи. Само во 2016 година, 56.7 милиони туристи од Кина дојдоа во Хонг Конг. Критичарите на кинеската влада, исто така, мостот го гледаат како “алатка”  Пекинг да го доближи Хонг Конг до Партијата. Тие истакнаа дека огромните парични средства можеле да бида искористени  за поголемите проблеми во градот, како што се недостатокот на станови и сиромаштијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag