Сантата плови покрај ледениот гребен Larsen C.
„Острите агли и рамната површина укажуваат на фактот дека сантата веројатно се одвоила од гребенот“, објавија од НАСА.
Кога просечен човек ќе го прашате како замислува санта лед, тој веројатно ќе помисли на неправилна форма како онаа што го поплави Титаник, а не правилно геометриско тело како квадрад. Меѓутоа, дека постојат и поразлични санти ни покажува фотографијата на НАСА од Антарктикот чија рамна површина изгледа речиси совршено правоаголна.
Фотографијата беше објавена минатата недела на профилот NASA ICE, кој е специјализиран за следење на ледените површини на Земјата. Сантата мраз плови покрај гребенот Larsen C.