Тој опуштено си пишуваше пораки на телефонот, додека сите лежеа на подот и се надеваа на најдоброто. Од Бразил ни доаѓа видео, кое истовремено е неверојатно и пресмешно. На видеото од локалот можеме да видиме собрани мажи како пијат и разговараат. Во аголот на барот гледаме еден човек што нешто пишува на неговиот телефон.
А потоа се случува неверојатна сцена – во локалот влегува вооружен крадец, кој им кажува на сите да ги стават рацете на главата и да се наведнат на подот. И додека сите послушно тоа го правеа, човекот во аголот на барот релаксирано продолжуваше да гледа во телефонот, не знаејќи што се случува околу него.
Додека крадецот вади пари од касата, и сите се веќе на подот, оваа легенда продолжува и понатака безгрижно да пишува пораки! Му беа потребни неколку минути додека конечно сфати дека е во процес на грабеж, кога зачудено погледна наоколу и легна на земја. До тогаш крадецот веќе ја заврши работата и продолжи понатаму.
https://www.youtube.com/watch?v=sKWUun6rHRQ